fbpx

Зошто Градоначалникот на Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ ја крие завршната сметка од советниците?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ не ја доставува завршната сметка до советниците.

Завршната сметка е целосно изработена а се уште не е доставена до советниците иако е закажана седница на Советот на општина Македонска Каменица.

Ова е спротивно на Законот затоа што градоначалникот има законска обврска (член 33 од Закон за финансирање на локална самоуправа) да ја достави годишната сметка за донесување до Советот на општината.

Согласно Законот за локална самоуправа рокот за усвојување и доставување на завршната сметката е 31 март.

Што крие градоначалникот Атанасовски и неговите службеници? Зошто не ја доставува завршната сметка за која има законска обврска?

Градоначалникот Атанасовски треба да биде свесен дека кршење на Закон предвидува и кривична одговорност.

Последни вести