Со СДСМ минималната плата е зголемена на 20.175 денари, со што година и половина порано се реазлизира ветувањето дадено пред граѓаните и работниците на изборите во 2020 година.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ работниците едвај добиваа 8.800 денари минимална плата.
Неспоредлива е минимална плата од 8.800, со плата од 20.175 денари.
ВМРО-ДПМНЕ упорно ја држеше минималната плата замрзната на ниво под секое достоинство, а потоа остро се противеше на растот на минималната плата.
За разлика од Белата палата, СДСМ во изминатите шест години континуирано ја зголемува минималната плата и тоа од 8.800 на 12.000 денари, па на 15.200, на 18.000 и сега на 20.175 денари.
Растот на минималната плата е системско решение договорено со синдикатите и работодавачите и минималната плата ќе продолжи да расте, согласно растот на трошоците за живот и растот на просечната плата, независно од чија било политичка волја.
СДСМ се грижи за работниците, го цени и вреднува нивниот труд, ВМРО-ДПМНЕ останува партија које е против работниците.