fbpx

Сиљановска бега од прашања од граѓаните, не е достојна за функцијата за која се кандидира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска одбегнала да одговара на прашања од граѓаните, поставени на ФБ страницата на МИА.

Ова е ново бегство на Сиљановска од граѓаните откако претходно одбегна соочување со новинарите на Телма телевизија во емисијата „Жешко столче“.

Тоа е истата матрица на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов. Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста и не ги почитува медиумите и новинарите.

Сиљановска упорно бега од народот за кого и самата велеше дека не го познава.

Со тоа Сиљановска потврдува дека не е достојна за функцијата за којашто се кандидира.

Граѓаните нема да дозволат личност што не ги почитува и бега од нивните прашања, личност која не почитува новинари и медиуми да застане на чело на државата.

Затоа, во недела на 5 мај граѓаните масовно ќе го поддржат Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред. Граѓаните ќе изберат вистински, одговорен претседател кој ќе ги почитува граѓаните, новинарите и медиумите

 

Скопје, 29.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести