fbpx

Ковачевски: Победа на СДСМ во 2024 година, граѓаните сакаат проевропска Влада која зголемува плати и пензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Прашањето за предвремени парламентарни избори е затворено, изборите, прво претседателски ќе се случат во својот термин 2024 година, кога ќе победи кандидат предложен од СДСМ и после тоа ќе има парламентарни избори на кој што повторно граѓаните ќе се определат за проевропската опција, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостување во Дневникот на Телевизија Сител.

Претседателот Ковачевски истакна дека граѓаните ги препознаваат успешните политики на Владата предводена од СДСМ и дека тоа ќе го потврдат на следните избори.

-Нашите граѓани сакаат проевропска влада, влада која ги зголемува пензиите, која ги зголемува платите, влада која што носи антикризни мерки најголеми и најобемни во регионот и која што ќе го продолжи европскиот пат на државата, порача Ковачевски во Дневникот на Телевизија Сител.

Последни вести