fbpx

СДСМ се грижи за граѓаните, растат платите и пензиите

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ со успешни, навремени и ефикасни економски политики го уапредува и заштитува стандарот на граѓаните.
Со системските решенија за усогласување на минималната плата и пензиите со растот на просечната плата и трошоците за живот е обезбеден констинуиран раст на примањата на граѓаните без политичка волја, притисоци, уцени и преговори.
Минималната плата од март се покачува на 20.175 денари.
Од 2017, кога минималната плата изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари, нема година во која не е зголемена.
Сите 330.000 пензионери во државата овој месец добиваат историско покачување на пензиите од 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.
За пензионерите следува ново усогласување на пензиите наесен.
Животниот стандард на граѓаните и на работниците во последните неколку години е сериозно унапреден.

Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт беа потребни 4 и пол минимални плати за просечна потрошувачка кошничка, сега се потребни 2,2 минимални плати за една потрошувачка кошничка.

За шест години имаме двојно зголемување на стандардот на работниците кои што работат за минимална плата.
Додека ВМРО-ДПМНЕ работниците ги сметаше за евтина работна сила, СДСМ го почитува нивното достоинство, ги зголемува платите, го унапредува животниот стандард.

Последни вести