fbpx

Со СДСМ растат платите и пензиите, се грижиме за стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ спроведува успешни, навремени и ефикасни мерки и политики за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните.

Со СДСМ растат платите и пензиите. Минималната плата од март се покачува на 20.175 денари.

Таа континуирано се зголемува од 2017 година кога изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари.

Пензионерите со мартовската пензија добиваат историски највисоко покачување на пензиите за 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.

Благодарение на системските решенија и методологиите постигнати низ дијалог со сите зсегнати страни минималната плата и пензиите се усогласуваат со растот на просечната плата и трошоците за живот, со што заврши ерата на политички влијанија и калкулации, уцени и притисоци за зголемување на минималната плата и на пензиите.

Покрај континуиран раст на минималната плата и на пензиите, СДСМ ги заштитува граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска криза.

Цената на тестенините се намали за 15 отсто, додека цената на млекото и млечните продукти се намали за 10 отсто. Претходно цената на белиот и полубелиот леб беше замрзната на 33 денари за векна.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.

Последни вести