Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски Република Северна Македонија се потврдува како фактор на стабилност во регионот.
Денеска сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.
Сите прашања со соседите ги имаме решено, при тоа цврсто штитејќи ги и зајакнувајќи ги националните интереси и државните позиции.
Признание и потврда дека Македонија е почитувана и вреднувана од страна на САД и Европската Унија е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија се случи токму во Охрид.
Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот.