Соопштение за јавност
Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски Република Северна Македонија се потврдува како држава фактор на стабилност во регионот.
Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот.
Сите прашања со соседите ги имаме решено, при тоа цврсто штитејќи ги и зајакнувајќи ги националните интереси и државните позиции.
Благодарение на таквиот пристап денеска сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.
За нас голема чест и признание е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија се случи токму во Охрид, во нашата држава.
Тоа е уште една потврда дека Македонија е почитувана и вреднувана од страна на САД и Европската Унија.