Соопштение за јавност
СДСМ со одговорни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните.
Со одлука на Владата предводена од СДСМ, цените на јајцата и домашниот ориз се замрзнуваат на ниво од 15 март.
Претходно беше замрзната цената на белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари.
Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти.
Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултати, цените се намалуваат, повеќе пари остануваат во семејните буџети.
Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните.