fbpx

Со СДСМ и Ковачевски поголеми плати и пензии за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски граѓаните и нивните интереси секогаш се на прво место.

И во време на кризи, СДСМ ги исполнува верувањата дадени пред граѓаните и обезбедува поголеми плати и пензии.

Минималната плата од овој месец се зголемува на 20.175 денари.

Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.800 денари, а во текстилната, кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.

За пет години просечната плата во државата е покачена за 44 отсто и сега изнесува ококу 34.000 денари.

Од овој месец рекордно се зголемуваат пензиите, за 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија се покачува за околу 1.500 денари на 19.150 денари.

Просечната пензија од јануари 2016 година до јануари 2023 година е зголемена за над 35 отсто, односно од 13.076 денари на 17.666 денари.

СДСМ со одговорни и системски решенија обезбеди континуиран раст на платите и на пензиите, без политички влијанија, притисоци и уцени.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат стандардот на граѓаните, грижата за сите продолжува.

Последни вести