Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија, која забрзано се опоравува од кризата.
Инфлацијата е зауздана, со одговорните и ефикасни мерки политики на Ковачевски за заштита и унапредување на стандардот, се намалија цените на лебот, тестенините, млекото, месото, јајцата.
Со СДСМ растат платите и пензиите. Минималната плата од март се покачува на 20.175 денари.
Таа континуирано се зголемува од 2017 година кога изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари.
Пензионерите со мартовската пензија добиваат историски највисоко покачување на пензиите за 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.
Просечната плата во државата за пет години се зголеми за 44 проценти и сега е околу 34.000 денари.
СДСМ на дело покажува што значи вистинска грижа за сите.