fbpx

На Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ им остана само лагите за кои ќе треба да се извинат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјава за медиуми на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Бидејќи нема што да им понудат на земјоделците за кои владата предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и силно го поддржува, на ВМРО-ДПМНЕ И Цветан Трипуновски им останаа само лагите.

Целосна невистина е дека Гоце Георгиевски доделил грант од 10.000 евра на негов родител, тоа е лага на Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку Трипуновски јавно не се извини за пласираните невистини најавуваме дека Георгиевски ќе поднесе соодветна претставка за навреда и клевета пред надлежен суд.

Граѓаните знаат дека делење грантови и субвенции на роднини беше одлика на режимот на ДПМНЕ чиј претставник е Трипуновски.

Последни вести