Антонијо Милошоски е недостоен да ја извршува пратеничката функција и после сите скандали треба да си поднесе оставка.
Со години Милошоски е пратеник кој не сработел ништо за граѓаните, но затоа безброј пати ја злоупотребувал собраниската говорница.
Последно, тој безобразно и дрско ја злоупотреби и позицијата претседател на собраниската комисија за надворешни работи.
Антонио Милошоски е осудено лице во Германија, близок соработник на Груевски, обвинет во случајот Моќник, главен предводник на политички мотивираната лустрација и докажан извор на лажни вести.
Истиот тој Милошоски, го нарекуваше Блаже Конески „џуџето од Небрегово“ и нарачуваше лустрација на македонскиот книжевник Славко Јаневски.
Милошоски е само една од многуте потврди дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, дека тоа е партија која продолжува да работи на штета на граѓаните.