Соопштение за јавност
Претседателотна СДСМ, Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, од Прилеп испратија пораки дека е неопходно вториот круг од претседателските избори да биде успешен за земјата да продолжи да се движи Напред, економски да се развива, да има правда и перспективи за младите дома. И двајцата повикаа на масовна излезност.
Претседателскиот кандидат Пендаровски посочи три клучни причини зошто граѓаните треба да излезат на гласање.
-Само овој концепт ја води државата во НАТО и во ЕУ. Сите политичари досега го сакаа тоа. Но само оваа генерација политичари почна да го остварува. А само овој концепт ја води земјава меѓу најразвиените држави во светот. Никогаш повеќе нема да се врати режимот. Нема да се врати на власт Груевски, но ќе се врати да ја отслужи казната во Идризово. И конечно ќе добиеме претседател на државата. Сите граѓани ќе добијат претседател од кого нема да се срамат во светот, рече претседателскиот кандидат Пендаровски.
Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, меѓуд ругото, испрати порака за одговорност кај граѓаните кои не излегоа на гласање, а го поддржуваат концептот Заедно Напред затоа што знаат дека тоа е иднината на државата.
-Па за што крварев и вие со мене, за што покажавме храброст со храбри одлуки, да го пуштиме сето ова низ вода?! Сега работите од нас дома зависат, имаме пријатели кои помагаат и ќепомагаат. Ќе има ред и поредок, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев, посочувајки ја за најважна волјата на народот.
-Кога Државна комисија за спречувањена корупцијата вадела слабости на власта?! Тоа покажува дека системот функционира. Повикувам на политичка и професионална одговорност на секој кој го узурпирал правото на граѓаните, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев кој посочи дека очекува одлуки и за опозицијата, “пример за непотизам и партиски вработувања”. Земјата оди напред, во вистински правец и тоа никој не може да го спречи. Апелирам дека пораката е примена, но до граѓаните што ја испратија, испраќам и јас порака, што вие ќе направите за државата. ‘Се ежите од помислата за режим, сте избрале прецизен начин за испраќање порака, но имаме родителска, татковинска должност да ја обезбедиме државата, да оди напред, да не се враќа назад. Да излеземе на гласање, да имаме успешниизбори, демократски чисти, да донесеме одлука за да одиме Заедно Напред, рече претседателот и премиер, Заев.
-Силата е во заедништвото, а единството води напред, се работи за татковината и за младите, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев, порачувајк и граѓаните да гласаат за бројот три и Стево Пендаровски, на вториот круг од претседателските избори на 05.април.