Соопштение за јавност
Како дел од теренската активност „Рамо до рамо до победа“ попладнево потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска заедно Методија Димовски беше во посета на општина Кочани.
Во разговор со граѓаните потпретседателката истакна дека СДСМ е постојано меѓу граѓаните, таму каде што му е местото, заедно со граѓаните наоѓа решенија за сите предизвици.
– Доаѓаме со крената глава. Да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, да ви кажеме што следува во иднина. Помогнавме на илјадници семејства во време на криза, подеднакво се грижиме за секој граѓанин. Додека ние преземаме мерки и обезбедуваме помош за граѓаните, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица гледаме само лажни вести, деструкции и обиди за блокади на евроинтеграциите, порача Костадиновска Стојчевска.
Во општина Штип Маја Манолева и Славица Кутиров пред граѓаните зборуваа за реализираните инвестиции напоменувајќи дека во здравството, реализирана е набавка на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, во соработка со Светска банка,во вредност од 13.6 милиони евра.
Членот на Комисијата за земјоделство на СДСМ Гоце Георгиевски и Благица Павловска се осврнаа на мерките и политиките на СДСМ со кои денес македонското земјоделско производство е драстично зголемено, а земјоделците добиваат реална и навремена поддршка од институциите.