fbpx

Битиќи: Инвестиции од 2,3 милијарди евра во енергетиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма за наесен најави финиширање на преговорите за неколку големи инвестициски проекти во енергетиката со вкупна вредност од 2,3 милијарди евра.

Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и инвестицијата отприлика е една милијарда евра. Дополнително, ќе имаме уште две стратешки инвестиции во енергетиката и тоа во обновливи извори, кои наскоро можат да се најдат во Собранието, Таму сме при крај со преговорите и големината е околу 1,3 милијарди евра. Да не бидам преоптимистичен, но заедно со таа една милијарда евра од Чебрен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра во енергетиката, рече Битиќи.

Битиќи додаде дека минатата година во државата имаше 753 милиони евра странски директни инвестиции, што наназад во изминатите 11 години е највисоко ниво и тоа во кризна година.

Го стимулираме развојот, исплатени се 23 милиони евра субвенции кон домашни компании, кои имаа 150 милиони евра инвестициски циклус во производство, истакна Битиќи, нагласувајќи дека не е зголемена трговијата, туку производството.

Потпретседателот Битиќи ја истакна огромната улога на Развојната банка, најави дека се при крај разговорите за влез на Француската развојна агенција со нови 50 милиони евра, и рече дека за жал две кредитни линии наменети за ликвидноста на стопанството се заглавени во собранието.

Мора да креираме програми и ќе стимулираме развој. Мора полека да ја менува економската структура на оваа држава, рече Битиќи, додавајќи дека внимателно се следи состојбата со инфлацијата.

Веќе во јули според анализите ќе имаме едноцифрена стапка на инфлација, како последица на кохерентноста во носењето на одлуки од Народната банка и водењето на монетарната политика од нивната страна и фискалната политика од наша страна, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

Последни вести