Соопштение за јавност
Претседателот на Градската организација на СДСМ во Скопје, Васко Кичевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека во овој период партијата е интензивно на терен, рамо до рамо со граѓаните, дава отчет за сработеното и разговара со граѓаните за се што сметаат дека е важно.
-Во периодов го промовираме она што сме го сработиле во изминатиот период. Ние имаме одлични резултати за минатата година. Успешно се справивме со економско-енергетска криза, издвоивме антикризен пакет од над 760 милиони евра, кој граѓаните го чувствуваат, нагласи Кичевски.
Во врска со уставните измени, Кичевски истакна дека доколку тие не се завршат, веројатно повторно ќе се влезе во еден процес на подолг период во кој нема да продолжат преговорите со ЕУ.
Тие преговори носат придобивки, повеќе финансиски средства, целосно реформирање на јавните институции, судството, правдата, платите, животниот стандард, многу работи се поврзани со продолжување на преговорите со Европската унија, нагласи Кичевски, додавајќи дека ако преговорите стојат, луѓето ќе продолжат да се иселуваат, стандардот ќе тапка.
Кичевски нагласи дека овој парламентарен состав може да ја заврши промената на Уставот и го повика и ВМРО-ДПМНЕ, со свои предлози да учествува.
-Ние сме за преговори со ЕУ и развој на државата. Единствено што имаме е внесување на Бугарите и другите во Уставот. Она што треба да го направиме е да изнајдеме консензулано решение и затоа политичките партии треба да дискутираат во работната група, во која се поканети сите политички партии и експерти по уставно прво, сите чинители во општеството, кои треба да доведат до амандманско решение, нагласи претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.