fbpx

КОНКУРС – Школа за женски активизам – деветта генерација

Facebook
Twitter
LinkedIn

КОНКУРС – Школа за женски активизам – деветта генерација

Форумот на жени на СДСМ веќе осум години успешно спроведува политичка едукација на членките на СДСМ. Школата за женски активизам ќе им овозможи на учесничките теоретско знаење и практична обука во насока на подобро разбирање на родовите аспекти, но и ќе го продлабочи нивното знаење за конкретни родови прашања кои се однесуваат на учеството на жената во политиката. Преку активностите на Школата за женски активизам, учесничките ќе се сензибилизираат за теми од областа на родовата еднаквост и родовата интеграција, родово базираното насилство и дискриминација, зајакнувањето на жената, родово анализирање и буџетирање, како и низа други прашања кои директно се однесуваат на родовата димензија. Овие цели ќе се реализираат во рамките на четири циклуси на дводневни викенд-семинари во периодот мај до ноември 2023 година и тоа:

Прв модул: 27 – 28 Мај 2023
Втор модул: 24 – 25 Јуни 2023
Трет модул: 23 – 24 Септември 2023
Четврт модул: 4 – 5 Ноември 2023

Повеќе информации за аплицирање на следниот линк: ТУКА

Последни вести