fbpx

Честитика на Кирацовски за католички Велигден: Меѓусебното почитување и помагање, остануваат наша водилка кон подобра иднина за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, до граѓаните од католичка вероисповед и сите други кои го празнуваат денешниот ден.

„Во име на  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име, Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Ви пожелувам добро здравје, мир, лична и колективна благосостојба.

На овој голем христијански празник, кога ја славиме победатата на раѓањето, на новиот почеток, продолжуваме да ги негуваме и почитуваме духовните вредности што не движат напред.

Мирот, толеранцијата, меѓусебното почитување, разбирање и помагање, остануваат наша водилка кон патот до едно општество на еднакви граѓани. Само на тој начин, заеднички и сплотени ќе изградиме подобра иднина за сите нас.

Среќен празник“.

 

Скопје, 21.04.2019                                               

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести