fbpx

Известување за медиумите за следење на јавните настапи на денот на претседателските избори 2019 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Поради големиот интерес од домашните и меѓународните медиуми, за следење на јавните настапи и изборните резултати од штабот на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, ве известуваме дека ќе се користат простории во х. Хилтон во Скопје.

Медија центарот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе биде отворен од 07.00 часот наутро (недела, 21.04.2019, Diamond сала, х.Хилтон, Скопје).

На сите преставници на медиумите ќе им биде овозможен влез со приложување на соодветни новинарски/прес картички издадени од медиумот во којшто работата или се ангажирани.

Во самиот медија центар (Diamond сала) ќе бидат обезбедени услови за непречена работа на новинарите, камерманите и фоторепортерите, обезбеден интернет приклучок и работен простор.

За точно време на можни изјави или други јавни настапи од медија центарот медиумите ќе бидат дополнително известени.

За оние медиуми коишто сакаат да известуваат во живо од јавните настапи во медија центарот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски може да обезбедат детални технички информации од лице задолжено за техника (Бојан: контакт телефон: 072 783 382).

 

Последни вести