На првата прес-конференција како градоначалник Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ требаше да промовира некаков проект, нешто да каже што сработил, ама ништо од тоа.
Тоа е така, затоа што прво Муцунски за 1,5 година нема ништо направено во Аеродром, нема реализирано ниту еден проект.
Градоначалникот, кој воедно е и потпретседател на партијата, целосно потфрли. ВМРО-ДПМНЕ ја изневери целосно добиената доверба од граѓаните на Аеродром.
Второ, затоа што едно ветуваше пред граѓаните во време на кампањања, зеленило, паркови, бришење маркици, а сега прави сосема друго: впишување маркици за згради и бетонизација.
Како што е случајот Парцели во Лисиче.
Денеска градоначалникот на Аеродром призна дека всушност станува збор за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче, иако пред неколку дена тврдеше дека ќе бидат само куќи.
Оттука, ја разбираме манифестираната нервоза од страна на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ за случајот парцели во Лисиче.
Но, нервозата на градоначалникот не е тема којашто ја интересира јавноста ниту граѓаните.
Оправдувањата дека процесот е започнат во 2019 година воопшто не држат, денеска сме 2023 година, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ го имаат мнозинството во Советот и прашањето што прави актуелната локална власт?
Затоа, Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај.