fbpx

Средба Зечевиќ – Бомгартнер: Европската иднина и членството во ЕУ се врвен македонски национален интерес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски денеска се сретна со францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер.

На средбата се разговараше на актуелни политички теми, со фокус на европската иднина на државата и на целиот регион, како и за светската економската и енергетската криза, за што заеднички е оценето дека нашата земја добро се справила со последиците.

Европски вредности и европска иднина се стратешки цели на кои посветено работи проевропската коалициска Влада предводена од СДСМ, посочи Зечевиќ на средбата.

Генералниот секретар потенцираше дека улогата на Франција во европските процеси за решенија преку дијалог е значајна за целиот регион. Токму со Европскиот предлог, како и заклучоците по него усвоени од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ја отворија вратата на Унијата и по 17 години во чекалната земјава конечно ги започна преговорите за членство во ЕУ.

– Кога се работи за иднината на Македонија, како парија немаме намера да се откажеме од европската иднина и патот што го имаме трасирано. Тоа е врвен стратешки интерес на земјата поставен уште од независноста. Затоа што членството во ЕУ не е ниту личен ниту партиски интерес, туку тоа е врвен македонски национален интерес. Поддршката за европскиот пат во Собранието очекувам и понатаму да се зголемува, да имаме глас за Европа во македонскиот парламент за евроинтегративниот процес да продолжи, порача Зечевиќ, заблагодарувајќи се на помошта и поддршката што Франција ја дава.

На средбата заеднички беше констатирано дека соработката на двете држави е на високо ниво, но и дека постои простор таа дополнително да се зајакне што е во заемен интерес на граѓаните од двете земји.

Последни вести