Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска заедно со претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески беа меѓу граѓаните на општина Центар, како дел од караванот теренски активности „Рамо до рамо, до победа“.
Лукаревска посочи дека освен политиките кои значат стабилност и напредок, членство во НАТО и ЕУ, и економските политики на СДСМ носат резултат.
– Денеска се потпиша договор за најголемата гринфилд инвестиција во нашата држава во вредност од над 205 милиони евра. Од независноста до денеска немало поголема директна странска инвестиција. Околу 4.000 нови работни места носи оваа инвеситиција. Тоа се економски политики кои значат раст, развој и сигурност. Сето ова е доказ дека нашата економија и во време на глобална криза е стабилна, ликвидна и конкурентна и потврда дека оваа 2023 година ќе биде година на економски пресврт, порача заменик претседателката Лукаревска.
Таа додаде дека СДСМ и на локално ниво покажува што значи добро и успешно менаџирање со општините, а како пример го наведе градоначалникот Герасимовски од редовите на СДСМ.
-Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за 1,5 година немаат ниту еден реализиран проект, со СДСМ Центар се развива и напредува а се реализираат и проекти во интерес на сите граѓани.
Одлично се одвива изградбата градинката „Пролет“, која започна минатата година а во моментов околу 40% од градежните работи се готови.
По паузата за големиот христијански празник Велигден, СДСМ со своите тимови повторно е на терен посетувајќи ги сите населени места низ државата.