Соопштение за јавност
Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „24 Отворено“ на телевизија 24 истакна дека договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д не се крие, туку содржи дел на доверливост.
Институциите прават анализи, во договор со изведувачот Бехтел и Енка, кој дел од договорот може да биде објавен пред граѓаните, за да има одговори на одредени прашања, рече Каевски, додавајќи дека ова не е единствен договор со доверливост, туку тоа е воспоставена пракса која во договорите ги согледува интересите на изведувачите.
Каевски нагласи дека правењето помпа со цел да се нанесе штета на овој проект од сериозни размери, кој е суштнски важен за државата е нешто што дополнително го отежнува процесот.
Од исклучителна, национална важност е да се спроведе овој проект за изградба на коридорите 8 и 10Д и верувам дека сите политички партии ќе се одважат да го реализираме овој проект, нагласи Каевски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ пласира лаги за договорот и тоа не е пракса само сега, тоа го прават конзистентно во сите процеси.
Лаги се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека има предвидени пенали во договорот, не постојат пенали, постои само пролонгирање на рокови ако предложените закони не се донесат, а секое пролонгирање на роковите и времето на изградба значи дека проектот ќе чини повеќе, рече Каевски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, во континуитет се против сé што прави оваа влада, тоа го правеа и во Собранието со започнување на преговорите со ЕУ, ширеа лаги дека македонскиот јазик нема да постои, дека ќе се асимилираме, претходно ширеа невистини и за бегалски кампови и сé излезе дека е лага.
Пратеникот Каевски нагласи дека фрлањето дамка за сé, па и за конзорциумот Бехтел и Енка во континуитет во најмала рака е невкусно и граѓаните тоа го препознаваат.
Важноста на овие предлог измени во осум закони, е овој проект да заврши за 4 години и 7 месеци и да чини 1,3 милијарди евра, ние ја изгласавме а од тие пари 650 милиони евра ќе завршат кај домашните компании и добро е да се дискутира, но да се блокира, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, да се обидува цело време на сите стратешки проекти за државата да става сомнеж, нервоза, да креира страв и параноја кај граѓаните не е добро, порача пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „24 Отворено“ на телевизија 24.