Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски вчера призна дека всушност станува збор за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче, иако пред неколку дена тврдеше дека ќе бидат само куќи.
Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ги излажаа граѓаните на Аеродром, наместо повеќе зеленило и нови јавни површини како што ветуваа во кампањата, тие денес нудат бетонизација на постоечките зелени површини.
Оправдувањата дека процесот е започнат во 2019 година воопшто не држат, денеска сме 2023 година, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ го имаат мнозинството во Советот и прашањето што прави актуелната локална власт?
Очигледно ништо, освен бетонизација и задолжување на општината преку општинска обврзница.
По сите сомневања, Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај.