Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Етикетите, навредите и омаловажувањата за правните експерти и професорите само ја покажува режимската матрица на Груевски во којашто е заглавен Христијан Мицкоски.
Мицкоски е последен кој може да зборува и да прозива професори или пак истакнати правници.
Граѓаните знаат дека Мицкоски има дипломирано кај својот татко. Не само што дипломирал, туку бил и асистент кај својот татко, а згора на се кај него дури и се вработил.
Мицкоски сега ќе кажува за фалц професори? Па заради такви како него фалц професори УКИМ со години не може да се искачи погоре на Шангајската листа.
Дополнително Мицкоски е претседател на криминална партија ВМРО-ДПМНЕ чиј претходник, осуден криминалец, побегна од правдата во гепек.
Конечно, Христијан Мицкоски нема образ за да се засрами а досега ги има пропуштено сите шанси и да се извини пред граѓаните.