Соопштение за јавност
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски даваат конкретни резултати.
Во државата влегува најголемата странска директна инвестиција од независноста досега, во рекордна висина од 205 милиони евра.
Станува збор за реномираната компанија која произведува електронски компоненти за познати светски брендови, гигантот „Јагео“, кој склучи дговор за инвестиција во технолошките зони во Скопје и Штип, кои ќе отворат нови близу 4.000 добро платени работни места.
Ова е уште една потврда дека економските политики на СДСМ, членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ носат стабилност и предвидлива деловна клима, која привлекува сериозни странски инвестиции.
СДСМ како одговорна политичка партија, продолжува со реализација на мерки и решенија што македонската економија ја прават поконкурентна.