Соопштение за јавност
Докажаниот извор на лажни вести Александар Николовски и ВМРО-ДПМНЕ намерно пласираат невистини во врска со стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д, од страна на реномирана американска компанија.
Законот е јасен и ги демантира лагите на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ.
Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 е донесен во 2021 година и јасно ја регулира обврската на стратешкиот партнер за ангажирање најмалку 51% домашни работници, како и обврската странските работници да ги имаат потребните дозволи за престој и работа.
Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Партијата која е симбол на провизии од кинеските патишта, симбол за криминал и корупција со нелегално стекнат имот врз грбот на граѓаните, постојано се противи на секој важен стратешки проект во државата.