fbpx

Муцунски да не ги игнорира граѓаните на Лисиче, да го повлече спорниот ДУП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски ги игнорира интересите на граѓаните.

Преку јавна анкета граѓаните му порачаа на Муцунски дека се против изградбата на 9 висококатници на влезот на населбата Лисиче.

Оттогаш поминаа десетина денови, а Муцунски се уште не ги избришал спорните маркички за градба и наместо да дејствува по гласот на граѓаните, тој шири лажни вести и конструкции.

Муцунски веднаш да го повлече спорниот ДУП, а Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по случајот „Парцели во Лисиче“.

Пред изборите им ветуваше зеленило и паркови, а сега им нуди бетонизација и парцели за висококатници.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо во изминатиот период во општините што ги раководат, но затоа дејствуват спротивно од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата.

Последни вести