Соопштение за јавност
Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола да им се додели финансиска помош на партиски членови и роднини на осудените лица за 27 април е злоупотреба на пари на граѓаните на општина Битола.
Тоа е потврда дека во оваа партија предводена од Христијан Мицкоски ништо не е сменето, таму е истата насилничка и режимска матрица.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица троши народни, општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, лица кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Додека ги покачува цените на услугите за граѓаните, додека долгорочно ги задолжува општините, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги дели на партиски членови.
Ова е чиста злоупотреба на народните пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
27 април е најцрниот датум во современата македонска историја, настан во реализација на ВМРО-ДПМНЕ, настан за кој низ судска, отворена постапка се изречени ефективни затворски казни за виновниците.