Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ , Дамјан Манчевски денеска беше во посета на Струга и населеното место Октиси.
Пред граѓаните на оваа општина Манчевски рече дека престојните претседателски избори се шанса земјата да продолжи по патот по кој зачекори, патот кон ЕУ и НАТО, патот на напредокот.
-Гласот за Стево Пендаровски е глас за сигурна и стабилна иднина, глас за нови шанси за младите, за подобро утре за сите, за ЕУ и НАТО. Тргнавме напред и враќање назад нема. Гласот за Стево Пендаровски е глас да продолжи напредокот, глас за развој, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните, рече Манчевски
Манчевски пред присутните граѓани истакна дека не треба да се дозволи некој друг да ни ја влече иднината назад, затоа што нашата иднина е напред .
-Глас за Гордана е за враќање назад, кочење, блокирање. Да не дозволиме да се вратиме назад, да не ја загрозиме иднината, рече Манчевски.
21 Април и 5 Мај се датумите кога треба да го дадеме својот глас за победникот, за победа на државата , за победа на Република Северна Македонија.