fbpx

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Зелениково и Сопиште: Успешно се справивме со кризата, имаме развојна економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како дел од караванот теренски активности „Рамо до рамо, до победа“ денеска потпретседателот Фатмир Битиќи заедно со Кети Василевска беше меѓу граѓаните на општината Зелениково.

Успешно се справивме со глобалната криза, го поддржавме стандардот на граѓаните, но и компаниите. Не дозволивме да има рестрикции на струја, ниту нешто да недостасува. Го одржавме енергетскиот систем стабилен и обезбедивме социјална правда и правичност, рече потпретседателот Битиќи на маалска средба во Зелениково.

-Оваа зима за првпат во последните 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија во Северна Македонија, дури 87% се обезбедени од домашните производствени капацитети. Дотолку повеќе, стабилниот енергетски систем отвори можност да се разгледа опцијата за враќање на дневната евтина тарифа, рече потпретседателот Битиќи.

И во време на светска економска криза покажавме дека преку успешни политики покажавме дека можеме да градиме стабилна и развојна економија, атрактивна за странските компании, додаде Битиќи

-Имаме рекорден износ на странски инвестиции, се отвораат добро платени работни места и нашите работници веќе не се претставуваат како евтина работна сила, како што тоа беше во некои други времиња. Помина времето кога нашите работници работеа за осум или девет илјади денари плата, денес минималната плата е 20.175 денари, што придонесува за раст на сите плати во државата. 205 милиони евра влегуваат во нашата држава само од една инвестиција и тоа е показател дека нашата економија веќе е атрактивна и за реномирани светски компании. Владините економски политики создаваат доверба кај компаниите и ги стимулираат во влегување во нови инвестициски циклуси насочени кон технолошки развој, внесување на иновативни и дигитални компоненти во производствени процеси, порача Битиќи.

Работиме и на развој на целата земја. Проектите преку програмата ТАВ се реализираат низ сите општини низ земјава, завршени се 56 проекти во 56 општини а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината додаде тој.

Во општина Сопиште беше претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска заедно со Марко Ѓорѓиевски.

Тренчевска пред присутните порача дека денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите се исплаќаат и пред време, а согласно законското решение два пати во година има усогласување и согласно таа методологија за само 18 месеци, пензиите за сите 330.000 пензионери се зголемени за 16 отсто.

– Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци со кое просечната пензија која досега изнесуваше 17.666 денари, се зголемува на 19.150 денари, односно за околу 1.500 денари повеќе. Со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување сега и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% за само една и пол година, рече Тренчевска.

Последни вести