Соопштение за јавност
Хајката кшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против изградбата на коридорите 8 и 10д и против реномираната американска компанија Бехтел е разобличена.
Тоа е хајка од политички и лукративни причини, базирана на лаги и невистини.
ВМРО-ДПМНЕ е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што таа партија е симбол за провизии, за промашени проекти на штета на државата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ нема направено ниту еден автопат и истовремено создаде огромни штети со промашениот проект за автопатот Кичево – Охрид.
Таму имаше нецелосен и промашен проект, со промашени и нецелосни геомеханички испитувања, проект со лошо проектирани косини, усеци и тунели за кои беше потребно да се репроектирааат.
Немаше предвидено приклучоци, надвозници, поради стар и несоодветен проект кој воопшто не соодведствува со реалната состојба на теренот.
Владата предводена од СДСМ ги санираше штетите, спроведе репроектирање, заштеди 95 милиони евра и ја продолжи изградбата која треба да биде завршена до крајот на годината.
Сериозни промашувања имаше и на автопатот Миладиновци – Штип каде на сред автопат имаше бандери, а поради слабиот квалитет на потпорните ѕидови често имаше и одрони.
За разлика од таквиот расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ, денес во државата се реализира најголемиот инфраструктурен проект вреден 1,3 милијарди евра од страна на реномирана американска компанија, со сосема нов пристап.
Фаза по фаза, реномирана, американска, светка компанија ќе го гради автопатот со нов пристап со кој се обезбедува брзина и ефикасност во изведбата на Коридорите.
Затоа патиштата ќе бидат готови во рок од пет години, и покрај хајката што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја тераат.