Соопштение за јавност
Заедничкиот кандидат за престедател Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на Општина Дебар, каде повика на претстојните претседателски и локални избори да се гласа за концептот што води напред кон ЕУ и НАТО и побара граѓантие да дадат поддршка на кандидатот за градоначалник, Хекуран Дура.
– Дебарчани секогаш знаеле да се обединат за една иста цел, а тоа е подобар живот во нашата заедничка земја. Како иден претседател нема да правам поделби, туку ќе бидам целосно доследен во применувањето на концептот едно општество, бидејќи тоа веќе е препознаено како рецепт за успех, истакна Пендаровски.
Пред граѓаните, Пендаровски ги потенцираше придобивките од отворањето на евроинтеграциите, особено во делот на економскиот развој и перспективите за младите.
– Придобивките од интеграцијата во ЕУ и НАТО веќе се чувствуваат, а истите дополнително ќе се интензивираат со членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ. И затоа, не смееме да застанеме туку да продолжиме напред. Да не и дозволиме на Гордана и на ВМРО-ДПМНЕ пак да не вратат назад. Тоа ќе го сториме преку гласање за број три на претседателските и глас за Хакуран Дура на локалните избори овде во Дебар. Затоа, заедно напред, за подобар живот за подобра иднина на Дебар и на Република Северна Македонија.