Соопштение за јавност
Во Прилеп како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ меѓу граѓаните беа членката на ИО на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимовска и Оливер Спасовски.
– Направивме многу во овие изминати години за секое населено место за секоја категорија граѓани. Овде во Прилеп го изградивме најмодерниот ИКТ центар на МВР, го реконструиравме и проширивме патниот правец на Плетвар, го изградивме булеварот Гоце Делчев, како и нова детска градинка. Патот Градско – Прилеп се гради забрзано, а покрај тоа следува и изградба на делниците од коридорите 8 и 10 Д преку рекордна инвестиција од 1,3 милијарди евра. Сето ова е влог за иднината, за нашите деца и внуци да останат овде, во Прилеп, во Скопје, во Куманово, во нашата Македонија, истакна Спасовски.
Членката на ИО Милена Стевановиќ и Коста Начевски беа со граѓаните на општина Новаци, каде порачаа дека преку успешните економски политики на СДСМ денес животниот стандард на граѓаните е унапреден и заштитен, а македонската економија стабилна и конкурентна, а доказ за тоа се и рекордните странски инвестиции што се реализираат во нашата држава.