fbpx

„Рамо до рамо“ во Битола и Могила: Коридорот 10Д е во интерес на целиот Пелагониски регион

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше меѓу граѓаните во Пелагонискиот регион.

Во Битола на маалска средба присуствуваа членот на Извршниот одбор Костадин Ацевски и Рената Младеновска.

-По цели децении чекање, конечно ја реализираме изградбата на коридорот 8, но и коридорот 10Д, односно изградба на автопат Битола – Прилеп. Тоа е реализација на стратешка цел на генерации жители од овој дел од државата, но истовремено значи унапредување н квалитетот на живот на сите граѓани од Пелагонискиот регион. 1,3 милијарди евра ќе вложиме во реализација на проектите од коридорите, а од тие средства повеќе од половина ќе завршат кај домашни компании, посочи Ацевски.

Претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамовска Мадиќ заедно со Јовица Стојановиќ беше во општина Могила каде пред присутните порача дека СДСМ ја обезбедува европската иднина на државата, дека почетокот на преговорите и идното членство во ЕУ, носат со себе европски стандарди и повеќе пари од европски фондови за развој на секоја општина, на секое населено место.

Последни вести