fbpx

Пендаровски во Врапчиште и Центар Жупа: Да продолжиме заедно напред, за младите да имаат исти услови како и нивните врсници во Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Соопштение за јавност

 

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, денеска беше помеѓу граѓаните на општина Врапчиште и Центар Жупа.

Обраќајќи се до жителите на општина Врапчиште, Пендаровски истакна дека концептот што тој го застапува е концепт што води кон развој, кон ЕУ и НАТО и затоа на изборите потребна е масовна поддршка за да продолжат позитивните промени.

– Насоката по која се движиме, патот по кој тргнавме е пат на стабилност, на економски развој и интеграција. Со напредокот во евроинтеграциите и економијата тргна во нагорна линија, државата стана посакувано место за инвестирање. За да го продолжиме тој пат, на 21 април и на 5 мај да дадеме поддршка на концептот што нѐводизаеднонапред, порача Пендаровски.

На средбите со жителите на Центар Жупа, Пендаровски порача дека тој крај од државата е препознатлив како крај од кој луѓето масовно се иселуваат и токму затоа и на Центар Жупа и на државата потребна им е европска иднина за да престане иселувањето на младите.

– Членството во НАТО и ЕУ се гарант дека државата ќе се развива и ќе обезбеди сигурна иднина за младите да останат тука. Да им овозможиме услови за работа и просперитет тука и слободно да патуваат и да живеат како нивните врсници во Европа. Да го видат светот и светот да ги види нив. Затоа, повикувам сите граѓани од сите етнички заедници да дадат поддршка на овој концепт и да продолжиме заедно напред, повика Пендаровски.

Последни вести