Соопштение за јавност
Централниот караван на „Заедно напред!“ во текот на денешниот ден ќе биде на средби со граѓаните во Врапчиште, Маврово Ростуше, Центар Жупа, Дебар, Кичево и Гостивар.
Денеска (16.04.2019, Вторник), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 10.25 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Врапчиште, а во 11.40 часот пред домот на културата ќе се сретне со граѓаните на Маврово Ростуше. Во 13.30 часот, Пендаровски ќе се сретне со граѓаните на Центар Жупа кај мини плоштадот во Центар Жупа.
Потоа, во 15.20 часот пред домот на културата, заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе има обраќање пред граѓаните на Дебар, а во 18.15 часот ќе има обраќање пред граѓаните на Кичево на градскиот плоштад.
Подоцна, со почеток во 20.10 часот, на градскиот плоштад во Гостивар, ќе се одржи централниот настан отворена граѓанска трибина , каде свое обраќање ќе има заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски. (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)