fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е против стратешкиот проект за коридорите и против американската Бехтел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е против најголемата инвестиција во инфраструктурата за изградба на коридорите 8 и 10Д, како и против реномираната американската компанија Бехтел.

ВМРО-ДПМНЕ, која е во целосно заложништво на проруската Левица, од политички и лукративни причини води хајка против изградбата на коридорите и против Бехтел, базирана на лаги и невистини.

Партијата предводена од Христијан Мицкоски е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии, за промашени проекти на штета на државата и граѓаните.

Додека СДСМ реализира децениски стратешки проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противат на секој успех на државата.

ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор на граѓаните зошто го блокира најголемиот национален капитален проект за изградба на 110 километри автопатишта за рок од 5 години.

Последни вести