Соопштение за јавност
Во најновиот извештај на „Репортери без граници“ нашата држава бележи напредок од 19 позиции на Глобалниот индекс за слободата на медиумите.
Северна Македонија се наоѓа на 38-то место односно е најдобро рангирана од сите други држави од регионот.
Времето на заробена држава со ВМРО-ДПМНЕ заврши, живееме во слободно и демократско општество.
Од првиот ден од преземањето на власта, СДСМ ја почитува независноста на медиумите и со политиките инвестира во создавање услови за развој на слободната мисла.
Сето тоа СДСМ придонесе новинарите и медиумите слободно, професионално и без притисоци да ја вршат својата работа.
Тоа е препознаено од релевантни меѓународни организации и нивните извештаи каде нашата држава секојдневно бележи напредок.
СДСМ заедно со медиумите продолжува да гради демократско, слободно и инклузивно општество.