fbpx

ВМРО-ДПМНЕ што поскоро да каже на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ бараше да се разгледува Договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што поскоро, рече денеска во одговор на новинарско прашање координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

-Ако го анализирате вчерашниот ден, кога главна тема беше каде ќе се разгледува Договорот за коридорите првата шпекулација од ВМРО-ДПМНЕ беше дека наводно мнозинството бара начин како Договорот воопшто да не се разгледува. На тоа одговоривме и како став беше прифатен на координација кај претседателот на Собранието ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи бараше да се разгледува Договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што поскоро. Кога видоа дека немаат одговор а целта очигледно им е да продолжат со шпекулации, почнаа со нови измислици и шпекулации дека договорот треба да биде даден на разгледување неколку дена. Иако точно знаат дека согласно законските одредби за класифицирани информации и Уредбата на Влада донесена 2004 година за ваков тип договори тоа не е можно на тој начин затоа што има пропишано начин. Затоа уште еднаш апелирам ВМРО-ДПМНЕ да кажат на која комисија и каде сакаат да се разгледува Договорот и тоа да биде побрзо. Само на тој начин ќе ги прекинеме сите шпекулации поврзани со најголемиот инфраструктурен проект од независноста до денеска. ВМРО-ДПМНЕ само се служи со лаги и само да го одолговлекуваат овој национален проект, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Последни вести