fbpx

Нели ВМРО-ДПМНЕ велеше дека свиркачи им го доставиле Договорот, сега да не одолговлекуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ велеше дека свиркачи им го доставиле Договорот за коридорите, зошто сега одолговлекуваат и бараат неколку дена да го разгледуваат? Ако го имаат Договорот која е логичната потреба сега им треба дополнително време за разгледување на договорот во Собранието? Само шпекулации и само лаги од ВМОР-ДПМНЕ, рече денеска во одговор на новинарско прашање координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

-Во законите е точно пропишан начинот. Законот за класифицирани информации, член 26, мерки и активности за административна безбедност и за физичка безбедност на документите, се наведува кои се мерките и на крај стои дека со Уредба поблиску се уредуваат од страна на Владата. Еве ја уредбата на Владата од 16.11.2004 година и цитирам како стои точно: „копии, репродукции и преводи на документи класифицирани со степен на строго доверливо и пониско, може да бидат направени од страна на корисникот и под негов постојан надзор. Тоа значи дека копии може да бидат направени, да се поделат таму каде што бидат, на Комисиите собраниски, но мора да бидат под постојан надзор. Значи не може да се изведуваат надвор од таа сала и надвор од Собранието. Значи на самото место треба да се разгледува а не надвор. Може да трае подолго во тек на денот, нека трае два дена, нека се види се нека се праша. Ова што го читам го знаат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ но единствено нив целта им е само шпекулации, додаде Митрески.

Последни вести