fbpx

Финансискиот извештај на Гордана Сиљановска е внесен во несоодветен образец и не дава реална слика за трошоците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од она што може да се види од објавеното на интеренет страницата на Државната изборна комисија финансискиот извештај на Гордана Сињановска е внесен во несоодветен образец.

Финансиските извештаи треба да се подготват и да се внесат врз основа на Образец пропишан од Министерство за финансии, објавен во Службен весник број 65/19 од 29.03.2019 година.

Оттука, вака подготвен и внесен во несоодветен образец, извештајот на Сиљановска не дава реална слика, затоа што има оромен дел на нереализирани побарарувања, неколкукратно поголеми од прикажаните трошоци.

Во ваква форма финансискиот извештај не може да се споредува со оној на претставниците на групата избирачи на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој е внесен во соодветен образец, прецизен, реален и со точно наведени ставки кои што ја даваат објективната слика и граѓаните можат да имаат комплетен увид.

Скопје, 13.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести