Соопштение за јавност
Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните во Конче, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Струмица.
Во текот на утрешниот ден (13.04.2019, Сабота), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, во 11.00 часот ќе учествува на настанот Бугарски културен клуб кој ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин“, а во 13.30 часот ќе учествува на настан со жени во „Public Room“, каде пред овој настан ќе даде изјава за медиумите.
Во 16.00 часот ќе биде на средби со граѓаните на Конче, а во 16.40 часот со граѓаните на Радовиш ќе се одржи отворена трибина во Домот на културата „Ацо Караманов“
Потоа во 17.50 часот, Пендаровски ќе има обраќање пред граѓаните на Василево пред Домот на културата во Василево, каде во 18.30 часот ќе се сретне со граѓаните на Босилово (кај плоштадот во Босилово).
Во 19.10 часот ќе се одржи граѓанска трибина со граѓаните на Ново Село во Домот на културата, каде ќе учествуваат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Подоцна, со почеток во 20.35 часот, на градскиот плоштад во Струмица, ќе се одржи централниот настан граѓански митинг, каде свое обраќање ќе имаат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)