fbpx

Спасовски во дебарскиот регион: Поддршката за Стево е поддршка за реформи и европска иднина, за да ги задржиме младите дома

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски вчера попладне беше со граѓаните од дебарскиот регион каде разговараше на повеќе актуелни теми и ги потенцираше реформите кои Владата од СДСМ ги реализираше и поради кои државата конечно е на вистински пат, европски пат кој дава можности младите да останат дома.

– Режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ е главна причина што многу млади се иселија, но ние работиме целосно спротивно на нив. Нашите политики се во интерес на граѓаните и значат повисок животен стандард, повисоки плати, нови работни места, користење на европски фондови. Нашиот пат кон ЕУ и НАТО значи дека ќе ги донесеме европските вредности кај нас за да ги задржиме младите дома – порача Спасовски.

Спасовски потенцираше дека овие претседателски избори се исклучително важни бидејќи поддршката за Стево, значи поддршка за европска иднина, за подобри услови поради кои младите ќе останат дома. За разлика од концептот на Стево, рече Спасовски, опозицијата нуди само изолација и враќање во темното минато, но граѓаните нема да го дозволат тоа, туку ќе одберат вистински претседател, ќе одберат напредок и интеграција и ЕУ и НАТО.

Скопје, 12.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести