fbpx

Караванот на “Заедно напред!“ утре ќе биде на средби во Зелениково и Петровец и граѓански трибини во Илинден, Арачаиново и Гази Баба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните во Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Гази Баба.

Во текот на утрешниот ден (12.04.2019, Петок), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 14.15 часот ќе учествува на волонтерска акција во Музејот на градот Скопје, каде пред настанот ќе даде изјава за медиумите.

Потоа во 16.00 часот, Пендаровски ќе биде на средби со граѓаните на Зелениково, а во 16.45 часот ќе биде со граѓаните на Пертовец, каде во 17.25 ќе има обраќање на отворена трибина пред граѓаните на Илинден во Домот на културата.

Во 18.40 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Арачиново, каде ќе учествува на грѓански трибина во спортската сала во Арачиново.

Подоцна, со почеток во 20.30 часот, во салата „Крсте П. Мисирков“ во населба Ченто, општина Гази Баба, ќе се одржи централниот настан отворена граѓанска трибина, каде свое обраќање ќе има заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)

Последни вести