fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Неготино: Имаме резултати што прават разлика, повисоки плати за работниците и рекордни странски инвестиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска заедно со членката на ИО Ивона Кузмановиќ денеска беше со граѓаните на Неготино како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

Заменик претседателката Лукаревска пред присутните истакна дека економските политики што СДСМ ги спроведува даваат реални и видливи резултати.

– СДСМ има резултати што прават разлика. И тоа на секое поле. Денеска имав можност да посетам една домашна компанија која е пример за успешно функционирање, компанија која е општествено одговорна кон својот град и кон своите сограѓани и драго ми е што во овој Вардарски дел функционираат доста успешни и реномирани компании. Голем дел од овие компании се поддржани преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Тоа е доказ дека со резултатите успеавме да создадеме добра деловна клима што нуди можности за нови инвестиции во секој дел од државата. Придобивките од таквиот однос кон компаниите ги гледаме на дело. Невработеноста значитално ја намаливме но ја истовремено ја зголемивме вработеноста, се отвораат нови добро платени работни места истакна Лукаревска.

Заменик претседателката посочи дека СДСМ со своето одговорно работење зад себе има резултати што ја потврдуваат разликата со ВМРО-ДПМНЕ и нивното штетно дејствување. ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сака да го закочи напредокот на државата, се противат на секоја одлука што е добра за државата, додека ние од СДСМ ги спроведуваме стратешките државни цели, реализираме мерки што го унапредуваат квалитетот на живот на сите категории граѓани.

Последни вести