Соопштение за јавност
Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска ја посети општина Градско каде учествуваше на трибина со граѓаните од оваа општина.
Пред пристутните, Пендаровски зборуваше за евроинтегративниот процес и придобивките што следуваат по членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.
– Го напуштивме времето на изолација, на затвореност, на ограничени можности и неизвесност и веќе втора година чекориме кон напредок и развој. Направивме голем пробив на отворање на портите на Европа. Членството во НАТО е извесно, а кон средината на годината залужено чекаме датум за преговори со ЕУ. Тоа е нова можност за развој на државата и давање шанси за вработување на младите, но и можност за земјоделството кое е една од најзначајните стопански гранки во нашата држава. Со интеграцијата во ЕУ и НАТО обезбедуваме пристап до пазар од над 500 милиони потрошувачи, тоа позитивно ќе влијае врз развој на земјоделството, поконукретно производство. Сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард за нашите сограѓани земјоделци, истакна Пендаровски.
Да продолжиме со позитивните промени што не доближуваат до ЕУ и НАТО, заслужуваме да бидеме еднакви со демократскиот свет, граѓаните, младите, работниците, пензионерите, земјоделците, заслужуваат повисок животен стандард, да предолжиме Заедно напред!, повика Пендаровски.