fbpx

Николовски од општина Ново село: Ова е година на раст на земјоделството, да продолжиме заедно напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Членот на ИО на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше во посета на општина Ново Село. 

Во изјава за медиумите, Николовски се осврна на актуелните состојби во државата, политиките во земјоделството, како и за очекувањата од претстојните претседателски и предвремени локални избори во општина Ново Село.

„Во претходниот период не само што се зголемени субвенциите за земјоделците, туку се воведоа и низа мерки коишто придонесуваат за поевтино производство. Се реализираше мерката за ослободување од персонален данок и оваа година, сите земјоделци ќе добијат решенија за поврат на персоналниот данок. Оваа година земјоделците ќе добијат и „зелена нафта“ за намалени трошоци за производство. 2019 година ќе биде година на економијата и земјодлеството. Но за да продолжи економскиот раст, растот на земјодлеството, мора да го искористиме позитивниот момент и да продолжиме напред. Затоа, ја бараме поддршката за Стево Пендаровски за претседател и Никола Андонов за иден градоначалник на општина Ново Село“ изјави меѓудругото Николовски.

На средбите со граѓаните на Ново село, Сушица и Колешино, Николовски разговараше за реформите во земјоделството, унапредувањето на стандардот на земјоделците и актуелните состојби во државата.

Тој пред присутните потенцираше дека по години изолација и неизвесност државата конечно тргна напред, кон развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО

– Токму напредокот во интеграциите гарантира пристап до повеќе фондови, а тоа значи и повеќе пари за земјоделците, пристап до нови пазари, сигурен пласман и поконкурентно земјоделство. Затоа е многу важно да продолжиме напред, а тоа ќе го сториме со глас за заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски на претседателските избори, со глас за Никола Андонов на локалните избори за градоначалник на општина Ново село. Република Северна Македонија тргна напред кон развој, интеграција и напредок и враќање назад нема. Продолжуваме заедно напред, заклучи Николовски.

 

 

 

Последни вести