fbpx

Мицкоски нека гледа и учи како се управува со енегретскиот сектор, а наместо скап увоз, се произведуваат и продаваат вишоци на струја

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да се помират со одговорното управување во енергетскиот сектор, што резултита со зголемено производство, намалени трошоци и извоз на струја.

Од држава зависна од увоз на струја, денес, преку одговорно и домаќинско управување, АД ЕЛЕМ успеа да продаде вишоци на струја во износ од 21 милион евра.

Времето кога се увезуваше скапа струја поради бизнис интереси, кога АД ЕЛЕМ беше подружница на ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски добиваше бизниси со хидроцентрали од Владата на Груевски заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Мицкоски слободно нека гледа и нека учи како се работи на полето на енергетика. Ова не се неговите хидроцентрали кои му ги подари неговиот ментор Груевски.

Продолжуваат успешните политики во енергетиката, потврда за тоа е и новата инвестиција од 20,4 милиони евра во реконструкција на системот на електростатски филтри на РЕК, што воедно е и најголема инвестиција за заштита на животната средина.

Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно, домаќинско и транспрентно спроведување на реформите што обезбедуваат развој на енергетскиот сектор.

 

Скопје, 07.04.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 
Последни вести